Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 3 Sep 2010
Home

Тешко болни пациенти се смрзнуваат во болницата во Крива Паланка

Е-пошта Печати PDF
( 7 - user rating )

bolnica-kriva-palanka Во болницата во Крива Паланка тешко болни пациенти секојдневно се смрзнуваат поради тоа што централното греење многу краток период е вклучено.

 

 

Во некои од просториите има инсталирано клима-уреди но персоналот ги чува далечинските управувачи и не ги вклучува клима-уредите. Освен ова забележлив е недостаток на медицински персонал, на постелнини и ќебиња за пациентите како и неконтролирано влегување и излегување на поголем број на посетители надвор од пропишаните часови за посета на пациентите. Во некои од просториите самите пациенти или нивни роднини имаат донесено греалки поради неподносливиот студ.

 

Апелираме до надлежните да интервенираат и да воспостават нормално функционирање на болницата.

 

Недозволиво и нехумано е тие пациенти да се оставаат на немилост токму во периодот кога им е потребна најголема нега.
 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

WeatherUnderground :
Ажурирани: 02:00 PM CEST на 03 Септември, 2010
Петок вечер/ноќ Сабота Сабота вечер/ноќ
Можност за дожд Можност за дожд Можност за дожд
Можност за дожд Можност за дожд Можност за дожд



PoP: 30% PoP: 40% PoP: 30%

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160