
Ве известуваме дека на ден 24.05.2010 г. по повод денот на словенските просветители Кирил и Методиј, општина Крива Паланка и Здружението на граѓани „АВТО МОТО КЛУБ ОФ РОУД ОСОГОВО“ од Крива Паланка по вторпат ќе го организира ревијалното Џип рели „Калин Камен“ под мотото „Да се запознаат убавините на осогоговските планини“ за кое имаме намери да биде традиционално и со меѓународен карактер.
Патеката (трасата) по која се одвива џип релито е во должина од 64 км.
Започнува од Крива Паланка, Мождивњак, Кучешки Преслап, Костадиница, Царев Врв (2085м.) на Осоговските планини па се до манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде градоначалникот г-дин. Арсенчо Алексовски организира свечен ручек за учесниците.
Ревијалното џип рели засега има меѓуопштински карактер со учесници од општините кои гравитираат кон Осоговските планини.
Поканата е отворена до сите заинтересирани, а пријавувањето е во тек.

Броеви на кои може да се пријавите:
031 372 130
071 206 209
075 207 107
Подетални информации како и конечната агенда ќе бидат објавени во наредните денови.
Ве замолуваме сите зинтересирани благовремено да го пријават своето учество на ревијалното џип рели.







