Погледнете неколку слики од село Мала Црцорија - маала Белавинци во пролетен амбиент. Инаку маалата Белавинци се наоѓа на самото тромеѓе на државите Македонија, Бугарија и Србија.
Населението се брои на прсти. До селото води асфалтен пат преку селото Добровница кој што во текот на целата година е прооден (освен во некои екстремни денови кога на некои места може да има наноси од снег).


















