Информации од Крива Паланка и околината

Вторник, 7 Sep 2010
Home Почетна

ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ 2010 - Несекојдневно и незаборавно доживување

Е-пошта Печати PDF

Традиционално, како е секоја година предпоследниот викенд во мај се реализира, патешествието “по патот на една легенда од 11-ти век”™ од Св. Гаврил Лесновски до Св. Јоаким Осоговски, во организација на основачот на трансверзалата планинарскиот водач Стојанче Величковски, и подршка на Општините Крива Паланка и Пробиштип, како и ресторан Да-бо, Ресторант Манастирски Конак, ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС ДОО од Крива Паланка како и бројните пријатели и вистински поддржувачи на Трансверзалата.

4m-2010-d-18

Годинава иако патешествието беше едно од најнапорните, по многу нешта ќе остане во сеќавање на учесниците, за првпат, направена е вистинска промоција на новоформираното планинарско друштво Плавица од Пробиштип, учесници од Скопје, Радовиш, Штип, Кратово, Крива Паланка... Воведено е ново признание кое што брендот секоја година ќе го доделува на јавни личности кои дале особен допринос во афирмација на природните реткости и културните знаменитости на Македонија, првото признание е доделено на Маестро Борис Трајанов, Трансверзалата беше отворена со специјално обраќање кое, на себе својствен начин, го изведе актерот Страшко Милошевски како специјален поздрав за учесниците, Пораката со мотото и бројната состојба е пренесена на оригинален и уникатен начин, преку гулаб писмоносец со прстен МК802518-08 сопственост на Марјан Стојановски, од друштвото на одгледувачи на расни гулаби-писмоносци Гулаб од Крива Паланка,  десетте гулаби го симболизираа малиот јубилеј кога за првпат трасата беше поставена и помината во двете насоки. Гулабите патеката ја прелетаа за 93 минути.

4m-2010-d-22

Секој учесник доби подарок маичка со логото и мотото на Трансверзалата и подржувачот на Трансверзалата Астибо од Штип, сендивич на стартот и вечера (манастирско гравче на целта) Патеката беше покриена со две медицински екипи со теренски возила од Здравствените домови од Пробиштип и Крива Паланка. Прегазувањето преку Злетовска Река беше обезбедено со алпинистичко јаже за да не дојде до несакана повреда заради високиот водостој, Попатно принудно беа правени корекции на патеката поради високиот водостој на Кучешка Река, но сите учесници без проблеми во 20.03 пристигнаа на целта.

4m-2010-d-19

На целта, во Манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски, во близина на новооформениот водопад од откиените води, е засадена садница на црница (morus nigra) како симболично поврзување со шест века старата црница во дворот на Лесновскиот Манастир.

Како никогаш досега, реализацијата на трансвезалата беше медиумски покриена, па така Македонското радио реализира посебна емисија во траење од еден час, и две телефонски вклучувања од по 10 минути, додека како најава информации објавија ТВ Протел, Дневник, Информативниот портал http://krivapalanka.info, http://krivapalanka.gov.mk, додека самата реализација ја покриваа, МТВ, ДРТВ Златен Канал, Дневник и МИА, Информативниот портал http://krivapalanka.info.

Учесниците за првпат имаа можност да го пријават своето учество on-line на трансверзалата, преку http://4m.planinarenje.org.

За првпат во Македонија а по иницијатива на Горан Цветковски http://osm.vidi.mk се поставени и извесен број на геокешови по должината на патеката со кои што се воведува еден нов вид на спорт во Македонија кој што е многу атрактивен и развиен во останатиот дел од светот.

Околу педесетина учесници ништо не може  да ги одврати од прифаќањето на предизвикот да се биде дел од патешествието 2010, а кога е така го прифаќате и лошото време и дождот, пропуштате некоја матурска вечер, кај роднините, ризикувате да го пропуштите преносот на финалето на купот на шампионите, за да на крај се излезе како што треба, и веќе по два дена размислувате да учествувате и наредната година.

 

Повеќе можете да прочитате во трансверзалниот Дневник за 2010г. на

http://4m.planinarenje.org и

http://planinarenje.org

 

Веб страниците http://planinarenje.org и http://4m.planinarenje.org се изработени, поддржувани и хостирани од ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС ДОО од Крива Паланка

Сопственик на двете страници и автор на текстовите е Стојанче Величковски од Крива Паланка

Последно освежено ( Понеделник, 31 Мај 2010 00:14 )  

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

 

ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ 2010 - Несекојдневно и незаборавно доживување

Традиционално, како е секоја година предпоследни...

 

Џип Рели „Калин Камен“ 2010г.

Ве известуваме дека на ден 24.05.2010 г. по повод дено...

 

Првата македонска брендирана трекинг патека

ПЛАНИНАРСКАТА ТРАНСВЕРЗАЛА 4М™ -По патот на една...

 

Изложба на дела од циклусот “Порака“ на Роберт Цветковски

 

Фотогорафии на Ѓорѓи Костовски

Ви ги прикажуваме дел од фотографиите на фотогра...
sail120x100_phonesys

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu

WeatherUnderground :
Ажурирани: 02:00 PM CEST на 07 Септември, 2010
Вторник вечер/ноќ Среда Среда вечер/ноќ
Делумно облачно Делумно облачно Ведро
Делумно облачно Делумно облачно Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160