
Се појави веста дека Мартини Скорсезе се подготвува да ја продолжи филмската приказна за таксистот Тревис Бикл кој во 1976. го отелотвори Роберт Де Ниро и со тоа засекогаш влезе во филмската историја. Во класиката Taxi Driver Бикл е млад возач на такси кој во њујоршката џунгла на асфалтот го губи разумот и станува осветник кој започнува пресметка со криминалното милје во градот.
Филмот е номиниран за четири Оскари, но не доби ниту еден. Од тој момент започна 30-годишната „борба“ на Скорсезе за златната статуетка. Во моментот кога Скорсезе веќе беше прогласуван за новиот Алфред Хичкок (кој исто така за време на неговиот живот никогаш не добил Оскар), негативната низа на номинации ја прекина The Departed во 2006. година донесувајќи му го првиот Оскар за режија.
Гласините за Taxi Driver 2 се појација на 60. Берлинале кое е во тек и на кое Мартин го претстави својот нов филм Shutter Island со Леонардо ДиКаприо во главната улога, известува Independent.
Во проектот би требало да учествува и данскиот режисер Ларс фон Трир, сценаристот на Taxist Пол Шредер и секако Де Ниро во улогата на Тревис Бикл.


















