Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 30 Jul 2010
Home Шоубизнис Филм The Hurt Locker, триумфално

The Hurt Locker, триумфално

Е-пошта Печати PDF
( 1 - user rating )

Помина и овогодинешното доделување на Оскарите. Многу гламур, емоции, но и неочекувани изненадувања од кои можеби најголемото беше триумфот на The Hurt Locker. Да бидат нештата уште поинтересни, оваа воена драма е режирана од бившата сопруга на Џејмс Камерон, чиј Avatar, според предвидувањата на медиумите и филмските критичари, требаше да биде ѕвезда на вечерта.

Снимена за 15 милиони долари, ниско буџетната воена драма The Hurt Locker освои 6 Оскари, додека филмот со најголема заработка на сите времиња (2.5 милијарди долари) Avatar освои само три.

The Hurt Locker освен што беше прогласен за најдобар филм, доби и награда за најдобар режисер, со што Кетрин Бигелоу стана првата жена во историјата која победила во оваа категорија. Останатите 4 Оскари ги освои за најдобро сценарио (напишано од новинарот Марк Боал кој поминал 4 месеци со американските војници во Ирак), филмска монтажа, тон и тонска монтажа.

Технички одлично изведениот Avatar, извојува победа токму во техничките категории, односно беше награден за специјални ефекти, камера и уметнички дизајн.

Инаку и The Hurt Locker и Avatar беа номинирани во 9 категории.

Оскарот за главна женска улога го освои Сандра Булок за The Blind Side, а за најдобра машка улога Џеф Бриџис за Crazy Heart.

Моник победи во категоријата за споредна женска улога со Precious, додека Кристофер Валц го освои Оскарот за спорфедна машка улога во Inglorious Basterds.

Наградата за најдобар странски филм и' припадна на аргетинската драма The Secret in Their Eyes.

Документарецот The Cove, кој говори за традиционалното убивање на китови во Јапонија, го освои Оскарот во категоријата најдобар документарен филм.

Во категориите најдобар анимиран филм и најдобра музика победи Up.

Oскарот за костимографија му припадна на филмот The Young Victoria, а наградата за најдобра шминка отиде кај Star Trek.

Филмот Precious, покрај Оскарот за споредна женска улога, награден e и за адаптирано сценарио.

За најдобар краток документарен филм е прогласен Music by Prudence, а Оскарот за најдобар краток анимиран филм го освои Logorama.

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 PM CEST на 29 Јули, 2010
Четврток вечер/ноќ Петок Петок вечер/ноќ
Ведро Ведро Ведро
Ведро Ведро Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160