Приказната на денот, слетувањето, задницата на Саша Барох Коен на главата на Еминем кое се случи на годинешното MTV
Movie Awards во Лос Анџелес, очекувано доби продолжение. Неименуван извор на магазинот Entertainment Weekly тврди дека целиот инцидент бил извежбан, и тоа дека Еминем во сето ова доброволно учествувал.
Тие не нудат многу докази за своето тврдење дека Еминем знаел за слетувањето на Саша Барох Коен алијас Бруно, во неговото крило. Во текстот едноставно се наведува дека раперот морал да знае дека сето тоа ќе се случи, инаку тоа не би се извело.
Во меѓувреме, на својот блог се огласи и Скот Акерман, личноста која тврди дека била вклучена во сценариото за MTV Movie Awards. Во неговото обраќање кон јавноста истакнува дека овој инцидент бил извежбан. „Имавме неколку идеи, а една од нив беше и да Бруно биде облечен, што ја и пробавме" - пишува Акерман.
MTV, Еминем и славниот Бруно немаат коментари за јавноста.



















