Лејди Гага планира во блиска иднина да прави 3Д концерти, велат извори од нејзината дискографска куќа. Дали на концертите ќе се облекува како Навите од Avatar не знаеме, но не би не зачудило.
Популарната пејачка планира од овие концерт да продава и ДВД исто така во 3Д техника. Се' уште не е потврдено кога ќе биде одржан првиот ваков концерт.
Шпекулациите за плановите околу нејзината турнеја започнаа уште во јануари, кога Лејди Гага го издаде посеното издание „The Fame Monster“ во комплет со 3Д очила, објаснувајќи им на обожавателите дека „наскоро ќе притребаат за новите работи“ кои ги планира.
Минатата година се појави муабетот и дека Мајкл Џексон, кој Лејди Гага го наведува како еден од своите идоли, планирал инкорпорирање на 3Д елементи во своите настапи. Пејачката моментално е на турнеја во Австралија, а во четврток го издава новиот спот за песната Telephone на која соработува со Бијонсе. Во 2Д, се' уште.


















