
Денес се навршува една година од трагичната смрт на македонската ѕвезда Тоше Проески, кај Нова Градишка. По тој повод рано изутрината од местото на несреќата до неговото родно Крушево трчаа голем број на фанови. Од изутрината тага и непребол на секој чекор во Крушево. Во црквата „Света Богородица“ се одржа света литургија за покој на неговата душа, од каде присутните се упатија кон вечниот дом на Тоше на Гумење. Литургијата ја водеше владиката Петар. По желба на неговите родители, освен црковните обреди, не се закажани никакви друго активности.



















