Фудбалерите на Арсенал и Манчестер Јунајтед вечерва во Лондон
со почеток од 20:45 ќе го одиграат реванш натпреварот од Лигата на Шампионите. Актуелниот првак на Европа и Англија доаѓа со предност од 0:1 која ја стекнаа благодарение на "Џон Ошеј" на "Олд Трафорд".
Бранителите на трофејот овој пат имаат тешка задача и непријатна традиција која говори дека "топџиите" не загубиле 24 натпревари на домашен терен. Последен пат на домашен терен се поразени во 2004 година од Челзи кога загубија со 1:2. Домаќинот притоа на ова натпреварување не примиле гол 514 минути пред домашна публика.
Сепак тимот кој го предводи Арсен Венгер мора да брка негатива од еден гол. Кога е во прашање ривалството помеѓу овие два клуба, до сега се сретнале дури 205 пати. Тимот на Манчестер Јунајтед има подобар резултат со 83 победи,45 нерешени средби и 77 порази. Во последните 13 сезони се сретнале 38 пати кога екипите биле предводени од "Алекс Фергусон" и "Арсен Венгер" а тука исходот е нерешен со по 14 победи и 10 нерешени нтпревари.



















