Екипата на Ливерпул покажала интерес да го ангажира македонскиот
репрезентативец Горан Пандев кој моментално настапува за италијански Лацио, пишуваат денеска островските медиуми.
Од друга страна пак италијанскиот "Ил Темпо" потенцира дека преговорите меѓу двата клуба за трансфер на македонскиот фудбалер веќе се започнати, се со цел Пандев на "Енфилд" да се пресели веќе во претстојниот летен преоден рок.
Претседателот на Лациот, Калудио Лотито ќе има тешка задача летово во редовите на неговиот клуб да го задржи македонскиот ас, ако се имаат в предвид побарувањата на Пандев и зголемениот интерес за неговите услуги од европските гиганти.



















