
Сепак Бордо успеа да го совлада Јувентус со 2:0 и му овозможи на Баерн со сопствени сили да се избори за продолжување на настапите во купот.
Фудбалерите на Луис ван Гаал ја извојуваа победата на доста убедлив начин и по подолго време ги израдуваа своите навивачи. Стрелци на високите 4:1 беа Ханс-Јорг Бут, Ивица Олиќ, Марио Гомес и Анатоли Тимошчук а голот за Јувентус го постигна Давид Трезеге.
Јуве влезе како фаворит во натпреварот не само заради играта како домаќин туку и заради фактот дека и нерешен резултат ги носеше Италијаните во 1/8 финалето. Освен тоа и статистиката беше на страната на домаќините. Сепак ништо од тоа не се покажа на теренот. Баерн и без своите ѕвезди Франк Рибери, Лука Тони и Ариен Робен кој беше на клупата за резерви имаше повеќе иницијатива и го одигра можеби најдоброто полувреме од почетокот на сезоната. Играчите на Баерн имаа точни и прецизни додавања и често успеваа да ја пробијат дезориентираната одбрана на Јувентус. Најголема заслуга што резултатот на беше откриен уште на почетокот имаа одличните интервенции на Буфон.

Сепак шансите пред голот на Јувентус се редеа една по друга. Во 12-та минута Ивица Олиќ јо погоди со глава левата статива и пропушти да ги доведе Баварците во водство. Сепак први до водството стигнаа Италијаните.
Една грешка на Мартин Демикелис му дозволи на Клаудио Маркизио да центрира кон непокриениот Трезеге и францускиот интернационалец со убав удар го постигна првиот гол во Лигата на Шампионите по пауза од 3 години. Тоа беше во 19-та минута и на Баерн му требаа уште два гола за да не отпадне од понатамошните натпревари. Сепак Германците продолжија да бидат поактивни и Буфон со крајни напори го одби далечниот удар на Бастијан Швајнштајгер.
Плејмејкерот на Баерн на неколку пати се обиде со удари од далечина но безуспешно. Во 23-та минута Олиќ постигна уште еден гол со глава. Малку подоцна младиот Томас Милер задоцни и не успеа да му додаде на Гомес којшто излезе очи во очи со Буфон.
Сепак во 29-та та минута Олиќ влезе во пеналтикот каде беше соборен од Мартин Касерес а пеналот мајсторски го изведе Ханс-Јорг Бут за изаедначувањее од 1:1. До крајот на полувремето Гомес и на два пати Олиќ пропуштија да му донесат заслужена предност на Баерн.
Второто полувреме поворно започна со доминација на играчите на Баерн којшто успеаа да поведат во 51-та минута. Ударот со глава на Ван Буитен беше одбиен од Буфон но притрчаниот Олиќ од неколку метри ја внесе топката во мрежата на Јувентус.
Тоа сосема ги деморализира Италијаните кои почнаа често да грешат и имаа повеќе непрецизни додавања. Гостите воспоставија комплетна доминација на теренот и при крајот на натпреварот ја зголемија предноста. Резервистот Ариен Робен со леснотија ги поминуваше бавните бекови на Јувентус и беше основата за неколку убиствени контранапади. Во 83- та минута при удар од корнер и кратко одбивање на топката Марио Гомес го постигна и третиот гол за Баерн а потоа и Анатоли Тимошчук ја запечати судбината на Италијанците со четвртиот гол во мрежата на Буфон.
На другиот натпревар од оваа група, веќе пласираниот Бордо рутинирано ја продолжи победничката низа и со 16 освоени поени остана на првата позиција.
Иако само со 4-ца играчи од својот стандарден тим излезе во дуелот со Макаби Хаифа, тоа не значеше дека тимот на Бордо ќе биде без императив за победа. Уште од самиот старт Бордо диктираше темпо во натпреварот. Жусие го постигна единствениот погодок во 13-тата минута во натпреварот.


















