- Ние игравме заедно со Бекам и детално го научив. За него, можам да кажам дека е најинтелегентниот фудбалер со кого сум играл. Мислам дека тој е апсолутно потребен на сегашната селекција на Англија - изјави Кака и продолжи:
- Многу ми е мило што треба да се врати во Милан. Преку игра во Серија А и Лигата на Шампионите додатно ке се појача и ќе се зајакне физички. После сето тоа, би било логично да оди на Светското првенство, затоа што со сета почит, нема попаметен и подобар од него во тимот - заврши Кака.


















