
Сан пишува дека се работи за комерцијална експлоатација на правата од имињата на фудбалерите кои играат/играле за Манчестер. За нивната продажба ниту клубот ниту играчите не ги подмирувале давачките кон државата, толкувајќи го законот на своја рака и сметајќи ги приходите по таа ставка за неоданочлива категорија.
Поентата во тоа е што највисоката државна даночна институција не ги толкува на ист начин, туку смета дека треба да се плаќа данок и за нив.
Од клубот ја потврдија истрагата. Свесни се дека доколку го изгубат случајот пред надлежните институции според законот ги очекува минимална парична казна од 5,3 милиони фунти.
Приходите на играчите од експлоатацијата на нивните имиња во тој случај би се оданочиле ретроактивно, односно во националниот трезор сите ѕвезди на Алекс Фергусон ќе треба да искешираат половина од заработката по оваа ставка.


















