Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 12 Mar 2010
Home Спорт Фудбал Интер - Милан: борба за престиш и врвот

Интер - Милан: борба за престиш и врвот

Е-пошта Печати PDF
( 0 - user rating )

Во почетокот еден, а од 1908. година, два големи клуба, во недела навечер (20:45) ќе ги вкрстат копјата по 174 пат во Серија А! Интер против МИлан, бизнис против политика, миланска буржоазија против работничката класа, змијата против ѓаволот, шампионот против оној кој тоа не бил од 2004. година...

„Derbi dela Madonina“ ќе го одбележи фудбалскиот викенд, не само во Италија, туку воопшто во Европа, па и пошироко...

Во 21. коло на Серија А, стадионот со 80.065 места во Милан се вика Џузепе Меаца, бидејќи домаќин е Интер. Летоска, на 29. август, во второто коло, Интер го демолираше градскиот ривал како гостин со 4:0.

Сепак, многу од тоа се промени во Италија во однос на стартот на првенството, а најмногу снагата на Милан. Росонерите се во фантастична серија, дербито со лидерот за нив доаѓа во најдобар момент, и во момент кога бодовната разлика меѓу градските ривала изнесува шест бодови во корист на Интер, но „црвено-црните“ имаат и натпревар помалку, кој мораат да го одработат во Фиренца кога за тоа ќе дојде време.

Летоска именуваниот Леонардо го поведе својот тим, со препородениот Роналдињо, во осум победи од последните девет кола! Само од 1. јануари 2010година, Миланистите ја победија Џенова со 5:2, Јувентус нагости со 3:0 и Сиена пред својте гледачи со 4:0...

Жозе Мурињо и неговите нероаѕуро тоа никако не им се допаѓа... Посебно што ни самите не се во некоја особено врвна форма. Серија од три, воглавно минимални и тешки победи, во минатото коло го прекина ремито со Бари(2:2) каде Горан Пандев за прв пат беше прогласен за играч на натпреварот со гол и изнуден пенал зад неговото име, па затоа и според пошироката јавност и според букмејкерите Интеристите тешко да дојдат до посакуваната, трета победа во низа во натпреварите со Милан, а дури шеста во последните осум натпревари.

Англичанецот Алфред Едвардс на 16. декември 1899. година го основа Милан, фудбалскиот клуб и Крикет клубот, а девет години подоцна дојде до караница и поделба во управата на Милан окулу тоа дали за клубот би требало да играат странци или не. Проблемот беше решен со основање на нов клуб, Интернационале, кој набрзо ја превзема доминацијата и беше подобар до крајот на 60-тите години.

Сепак, Милан се воздигна и го превзема италијанскиот примат во 80-тите и 90-тите, но милан по 17години пост, конечно освои титула во сезоната 2005./06., а потоа истиот успех го повторуваше секоја година до денес... Тоа доведе до израмнување по бројот на освоени титули, обата тима сега имаат по 17, а Интер нешто подобар скор во првенствените мечеви (63-52-58), и затоа неделното дерби е посебно од многу аспекти.

Кога Милан е домаќин, стадионот се вика Сан Сиро, а се викаше Џузепе Меаца на 11. мај 2001. година, кога Интер како домаќин го доживеа најубедливиот пораз во историјата на тој дуел. Беше 0:6.

И Милан трпеше торпедирања, на повеќе наврати беше 5:1 за Интер, летоска, на оној последен дуел 4:0, а најмногу голови беа постигнати на 6. ноември 1949. година, кога Интер победи со 6:5. Првото „Derbi dela Madonina“, во чест на статуата Девица Марија во центарот на МИлано, беше одиграно на 10. јануари 1910. година.

Напаѓачот на Интер, Самуел Ето, нема да игра, бидејќи се наоѓа на Ангола, на Афричкиот Куп на нации, но Мурињо претпоставуваше дека ќе дојде ваков период за неговата екипа токму во време кога камерунецот е отсатен, па затоа го обезбеди Горан Пандев, како дополнително засилување за навалниот ред, што се покажа како маестрален потег, со оглед на тоа дека Пандев и покрај полугодишното неиграње на натпревари првите натпревари за Интер ги одигра навистина на виско, завидно, ниво. Португалецот нема да може да смета ниту на повредените Кристијан Киву и Тиаго Мота, додека под знак прашалник е и настапот на недоволно опоравениот Дејан Станковиќ, како и Салеј Мунтари.

Милан ќе настапи без Александре Пато, кој повредата ја лечи во Бразил. Повредени се и Масимо Одо, Џанлука Замброта и Огучи Онуеву. Лекарите на Милан се надеваат дека до последен момент ќе можат да го оспособат Алесандро Неста за настап, што воедно е и најголема гружа на Леонардо. Дотолку Неста не би можел да игра, партнер на Тиаго Силва во центарот на одбраната ќе биде Џузепе Фавали или Каха Каладзе. Кларенс Сидорг е опоравен, но се очекува да почне од клуапта.


 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu

WeatherUnderground :
Обновено: 01:00 AM CET на 12 Март, 2010
Петок Петок Вечер Сабота
Можност за Врнежи од Дожд Можност за Снежни Падежи Умерено Облачно
Можност за Врнежи од Дожд Можност за Снежни Падежи Умерено Облачно



PoP: 30% PoP: 30%  

 

Forecast from WeatherUnderground for .


JoomlaWatch Stats 1.2.8_04-dev by Matej Koval

Countries

74.3%THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA
8%BULGARIA BULGARIA
4.3%UNITED STATES UNITED STATES
3.8%GERMANY GERMANY
2.3%SERBIA AND MONTENEGRO SERBIA AND MONTENEGRO