
„За Нова година ќе ги израмнам сметките со Овереем“
Мирко Филипович се врати во Хрватска по мечот со Алистер Овереем во Јапонија. Cro Cop е незадоволен што мечот беше прекинат. „Разочаран сум со резултатот од мечот, бев максимално спремен за овој меч, али се случи тоа што се случи. Овој трет удар навистина беше многу силен, но тоа е дел од спортот“ - изјави Филипович.
Тој тврди дека не бил повреден се до тој трет удар кој заврши во неговите гениталии и дека не е точно дека гледал само да добие прекин на мечот. „Не сакам да коментирам дали ударите во гениталиите беа намерни или пак случајни. Знам дека некои изјавувале како сум се спасил што мечот беше прекинат. Имаше многу крв, но тоа беа само две рани на аркадата и не бев повреден се до ударите во гениталиите. Многу ми е жал, сигурно и нему, но околу Нова година ќе ги израмниме сметките“.
Извор: INDEX.HR


















