Женската ракометна репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на ЕП. Во извонредно драматичен натпревар полн со адреналин пред исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје избраничките на селекторот Глигоров се надминаа себеси и ја совладаа Хрватска.
Уште од самиот почеток на средбата ние поведовме, направивме добра разлика што умешно ја чувавме 52 минути. Андрејева и денеска беше одлична на голот, одбраната повторно беше нашата добра страна, но и нападот овој пат профункционира. Ваквата игра на моменти ни донесе и предност од цели 7 голови разлика. Но по третото исклучување на Портјанко и црвениот картон се почуствува пад во нашата игра, хрватките тргнаа на се или ништо полека ја топеа нашата висока предност, но немаше доволно време да ни ја оспорат победата и намалат задоволството од првиот триумф на континеталниот шампионат.
Портјанко и Кресоја со по 8 голови беа најпрецизни кај нас додека кај Хрватките Франиќ постигна седум голови сите од седум метри.


















