Репрезентацијата на Норвешка ја одбрани титулата европски првак на првенството што се одржа во нашата земја. Во финалето тие ja победија Шпанија со 34:21. Шпанските ракометарки беа рамноправни па и подобри во првото полувреме дури на моменти имаа и водство, но при крајот на првото полвреме Норвежанките се соземаа и на пауза се отиде со 13:12 предност за Норвешка.
Во вториот дел Норвежанките ја демонстрираа својата препознатлива игра и уште веднаш направија серија од 4:0, а потоа таа предност констатно растеше за на крајот да биде со убедливи 13 голови разлика. Голем удел во резултатот што го направија имаа и судиките кои беа наклонети кон Норвежанките. Сосема заслужено Норвежанките се најдоа на највисокото скалило на пиедесталот бидејќи имаа само еден нерешен резултат во текот на целото првенство и тоа со денешниот противник во финалето.
За Европското првенство е избран и најдобриот тим и тој е:
Најдобар голман:
Katrine Lunde Haraldsen (NOR)
Најдобро лево крило:
Valentina Elisei-Ardean (ROU)
Најдобар лев бек:
Tonje Larsen (NOR)
Најдобар плејмејкер:
Kristine Lunde (NOR)
Најдобар пивот:
Begona Fernandez (ESP)
Најдобар десен бек:
Grit Jurack (GER)
Најдобро десно крило:
Linn Kristin Riegelhuth (NOR)
Денес беа извлечени и двојките за баражот за светското првенство во 2009 година кое ќе се одржи во Кина. Нашата репрезентација ќе игра против Австрија.


















