И во третиот натпревар во Задар нашата репрезентација беше поразена од страна на репрезентацијата на Србија со резултат 32:28. И покрај тоа што имавме добар почеток, немавме стабилност во играта и тоа го искористи репрезентацијата на Србија и славеше со убедливи 4 гола разлика. По убедливиот старт на нашата репрезентација и предноста од 5 гола, србите се соземаа и на полувреме нашата репрезентација отиде со еден гол предност и резултатот гласеше 16:15.
Во второто полувреме Србија во првите десет минути постигна 6 гола, а нашите само еден и го свртеа натпреварот во своја корист. И покрај 24 одбрани на нашиот најдобар играч на овој натпревар Борко Ристовски, играта во нападот беше катастрофална и тоа го искористија србите преку контри и полуконтри. Дури ни постигнаа 5 или 6 гола со играч помалку.
Со овој пораз нашата репрезентација ќе игра за 11 место во Арената во Загреб.
Македонија: М. Стоилов, С. Стоилов, К. Лазаров 7, Митков, Темелков 4, Миркуловски 3, Марковски, Ристовски 24 одбрани и 1 гол, Јович 2, Димовски 1, Ангеов, Ф. Лазаров 4, Макаловски 2, Ѓоргоновски 4.
Селектор: Илија Темелковски
Србија: Којиќ, Чурувија 2, Шешум 3, Вујин 5, Вучковиќ 6, Стојановиќ 1, Тошкиќ, Станиќ, Илиќ 8, Боиновиќ 1, Марковиќ 3, Пејановиќ, Продановиќ 3, Николиќ.
Селектор: Јовица Цветковиќ.


















