Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 30 Jul 2010
Home Технологија IT Допри ме нежно

Допри ме нежно

Е-пошта Печати PDF
( 1 - user rating )

Peratech го претстави својот нов систем наменет за откривање на јачината на притисок на дисплеи, кој се темели на QTS (Quantum Tunneling Composite) материјали. Е, ова е веќе напредок во технологија, а не џиновскиот "камен" на Џобс наречен iPad.

Британската компанија Peratech претстави нова технологија која би требало да се искористи за производство на екрани осетливи на допир, кои би биле способни да ја детектираат јачината на притисок на површината.

Како што веќе сигурно имате забележано, стандардните дисплеи осетливи на допир се добри во откривањето на местата на притисок на површината, но релативно лоши во откривањето на неговата јачина. За да го реши овој проблем, Peratech создаден нов систем кој се темели на материјалот QTS, чија проводливост е екстремно осетлива на притисок.

Освен неограничените можности кои ги нуди оваа технологија, со ова би се овозможило пишување на дисплејот на речиси ист начин како кога пишуваме на лист хартија, односно - што посилно го притискаме пенкалото, толку подебела би била линијата.

Од Peratech велат дека QTS материјалот може да биде поставен на тенка фолија под било кој стандарден дводимензионален дисплеј осетлив на допир, овозможувајќи далеку поедноставно и поефтино производство на дисплеи кои можат да ја детектираат и јачината на притисок на површината.

Според тврдењата на Peratech, за оваа технологија се особено заинтересирани компаниите на далечниот исток, каде што буквите најчесто се разликуваат по дебелината на линиите. Компанијата веќе склучи договор вреден 1.4 милиони долари за лиценцирање на технологијата на јапонскиот производител на екрани осетливи на допир Nissha.

Освен за препознавање на ракописот, од Peratech појаснуваат дека оваа технологија би можела да се искористи и за контрола на други параметри, како навигација во 3D простор.

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 PM CEST на 29 Јули, 2010
Четврток вечер/ноќ Петок Петок вечер/ноќ
Ведро Ведро Ведро
Ведро Ведро Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160