Data Nano iBot за само пет секунди преку УСБ стик приклучен на компјутерот влегува во системот и снима се: пасворди, разговори од програмите за чат, фотографии, целата интернет историја... Не остава никаква трага и не може да биде забележан од повеќето анти-шпиунски програми.
Не, ни ние не знаеме зошто слободната продажба на ваквите работи не е ограничена со закон; тешко е да се поверува, но наСкајмол навистина се продава ова. И не е ни претерано скапо - 149 долари и 95 центи.
Супер поклон, на пример, за претерано сомничавите ликови, во пресрет на 14. февруари. Ако го нарачате на време можеби полесно би одлучиле кој празник ќе го славите во недела :) Шала, нормално. Справувањето со личните паранои на сите полиња во животот на овој начин - не го поддржуваме.


















