Дали знаете дека во просечна канцелариска тастатура има повеќе бактерии околу на тоалетна шоља? Иако овие бактерии и не се така опасни, производителите се трудат да создадат тастатура која воопшто нема да биде опасна за здравјето.
Бришешето на обичните тастатури со марамче за дезинфекција ќе уништи околу 5% од бактериите кои живеат на неа. Со овој метод можете да убиете 99% од бактериите кои живеат на Cleankeys , бидејќи таму нема каде да се сокријат.
Оваа безжична тастатура е всушност плочка осетлива на допир, па ќе мора да се откажете од препознатливиот звук на типките од класичната тастатура. Нејзината примарна намена ќе биде за користење во болниците, каде бактериите би можеле да претставуваат сериозен проблем, но сигурно ќе стане омилен уред меѓу најголемите ентузијасти.

Cleankeys е опремена со тракпад кој може да го замени обичното глувче, а вградената патентирана технологија ќе спречи регистрација на притисокот на типките кога само ги одмарате рацете на тастатурата. На тој начин вашиот лекар нема да може да ви дијагностицира болест од типот асдфгхјклвгѕхнмјки.
Ќе биде достапна во две верзии, пластична и стаклена. Онаа кршливата чини 450 долари, додека другата е поевтина за 50 долари. Малку скапичко, но неможе да кажете дека капањата против бактериите е евтина работа, сепак здравјето нема цена.



















