Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 30 Jul 2010
Home Технологија IT HP претстави ултра-тенка табла осетлива на допир

HP претстави ултра-тенка табла осетлива на допир

Е-пошта Печати PDF
( 1 - user rating )

 

HP ја најави  својата прва табла осетлива на допир со повеќе прсти, наменета за деловни корисници, како и ноутбук компјутери за големи, но и за средни и мали бизниси.

Новите производи во понудата на HP се:
HP EliteBook 2740p – ултра-тенка, конвертибилна и интерактивна табла осетлива на допир со повеќе прсти, наменета за деловни субјекти од здравствениот сектор, образованието, маркетингот итн.; 

HP EliteBook 2540p
– најлесниот HP EliteBook ноутбук, со тежина од 1.53кг во основна верзија, е идеален за големите компании, јавниот сектор, како и останатите бизниси коишто имаат потреба од компактен ноутбук со високи перформанси; и

HP ProBook – три нови модели од  стандардната (s-серија) на ноутбук компјутери со високи перформанси, со нов дизајн и префинети бои , за секојдневна употреба.

„Таблата осетлива на допир, наменета за деловните корисници,  е најновиот производ во широката палета на HP, кој на најдобар начин им овозможува на деловните корисници да го унапредат своето работење, продуктивност и мобилност“ изјави Карл Снајман, потпретседател и генерален менаџер на HP Personal Systems Group, за Европа, Среден Исток и Африка (EMEA).  „HP постојано ги имплементира најновите иновации за да им помогне на големите корисници,  како и  на средните и малите претпријатија да ги натфрлат своите планови за продуктивност.“ 
Ноутбук компјутерите се најновите модели во серијата производи кои HP ги претставува на пазарот за деловните корисници, и тие нудат широк избор за обновување на деловната опрема која застарува.

Моќен и лесен ноутбук компјутер за корисниците кои постојано патуваат
отсега со Интел процесори со стандарден напон, HP EliteBook 2740p tablet PC ја комбинира моќта и сигурноста на HP бизнис ноутбук компјутерите со флексибилноста на табла, заради што е идеален за корисници кои се постојано на пат. Новиот 2740p тежи 1.72кг без додатоци и има LED екран  од 30.7см /12.1 инчи во дијагонала. Како опција е достапен и екран приспособен за работа на отворено, со помал отсјај и поголем контраст за лесно гледање при дневна светлина.
Екранот осетлив на допир овозможува поинтуитивно и побрзо работење, зависно од начинот на внесување на податоци. Можностите за гестови со повеќе прсти, тапкање и лизгање на прстите по екранот им овозможуваат на корисниците движење низ апликациите и менијата, односно пристап до информации и веб страници.

EliteBook 2740p  се нуди во различни варијанти на батериско напојување. За што помала тежина, има 6-ќелијна литиум-јон призматична батерија која трае до  5 часови, а како опција и HP 2700 ултра-тенка батерија која овозможува работа до 11 часови, во комбинација со стандардната батерија.

Како дополнителна опција се нуди и HP 2740, ултра-тенко лежиште за проширување, на кое корисниците можат да го приклучат својот ноутбук компјутер и користат периферни уреди, без потреба нешто постојано да се прикачува и откачува. Оваа иновативно лежиште за проширување содржи и DVD+/-RW уред, го собира во актовка, со што оптичкиот уред може лесно да се пренесува. Лежиштето исто така има приклучок за надворешен монитор, како и eSATA приклучок, кој овозможува врска со екстерни RAID конфигурации на тврди дискови и оптички уреди, за брзо и лесно снимање.

HP EliteBook 2540p им нуди на деловните корисници избор од Intel® Core™ процесори со стандарден напон,  за максимални перформанси, што е новина во  ултра-лесните преносни компјутери на HP - или со процесори на низок напон, за зголемена флексибилност и комфорот што го овозможуваат оптички уред или втор тврд диск.

Како најлесен во  палетата HP EliteBook, 2540p има LED екран од 30.7см /12.1 инчи во дијагонала, а по избор и веб камера од 2 мегапиксели со софтвер за читање на картички и HP Fingerprint Sensor.

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 PM CEST на 29 Јули, 2010
Четврток вечер/ноќ Петок Петок вечер/ноќ
Ведро Ведро Ведро
Ведро Ведро Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160