
Cool Leaf е името на елегантната и совршено дизајнерски дотерана тастатура, која претставува напредно техничко решение за проблемите наведени погоре. Cool Leaf е конструирана од тенка и мазна метална облога, која има позадинско осветлување за сите копчиња посебно.
За разлика од класичните тастатури, копчињата не се испакнати нагоре (оставајќи простор во кој би се собирала прашина и бактерии), туку се испишани на специјалната подлога која е способна да го регистрира секој притисок на некое од нив.

Оваа тастатура е отпорна на вода (во нашиот најчест случај - кафе) и лесно се чисти, па затоа производителот Minebea смета дека Cool Leaf е идеална тастатура за примена во болниците, механичарските работилници, но и други места каде што условите за работа се прилично валкани.
Наскоро се очекува масовно производство на овие револуционерни тастатури, кои би требало да се имплементираат и во останатите уреди кои користат класични тастатури како далечинските управувачи, дигитроните и тн..



















