Lenovo претстави два нови преносни компјутери од новата линија ThinkPad L наменети за деловни корисници. Лаптопите доаѓаат со дисплеи во дијагонала од 14 и 15 инчи.
На официјалното претставување на новата линија на лаптопи, производителот потенцираше дека неговиот тим обратил особено внимание на издржливоста - како на самите компјутери, така и на батеријата.

Лаптопите од серијата ThinkPad L освен што нудат зголемена отпорност на удари, располагаат и со куќиште кое е отпорно на вибрации и влага, а декларацијата вели дека батеријата трае цели осум часа.

Тежината на помалиот модел L412 изнесува 2.31 кг., додека поголемиот L512 тежи 2,58 килограми. Преносните компјутери се изградени од 30% рециклиран материјал, а во споредба со претходните ThinkPad-И можат да се пофалат со 40% поголема ефикасност.
Почетната цена на овие лаптопи во САД е 650 долари.


















