Вчера финската компанија за произвотство на мобилни телефони Nokia, го претстави новиот модел Nokia 5800 XpressMusic. Nokia со овој модел го покажува најдоброто музичко уживање досега. Овој модел е првиот кој ќе подржува Comes With Music. Овој модел е препорачлив за оние кои бараат квалитетен звук како и доволно меморија во која можат да сместат голем број на песни. „Преку Nokia 5800 XpressMusic сакаме луѓето да ги поврземе со нештото со коешто сме поврзани со целиот универзум, а тоа е музиката “ - изјави Jo Harlow, потпретседател на Nokia. „Начинот на кој луѓето уживаат во музиката е различен за ралични делови од светот. Поради тоа ние го создадовме Nokia 5800 XpressMusic кој што на луѓето им дава слобода во слуањето на нивната омилена музика “.

Проектот на Google наречен „10 на стоти степен“ во потрага е по идеја која ќе му помогне на човештвото и ќе ја награди со 10 милиони долари. Секој може да учествува на овој проект со идеја која ќе ја прати до 20 октомври во текстуална или видео форма.














