Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 10 Sep 2010
Home Технологија Наука Бурата која трае милиони години се смалува

Бурата која трае милиони години се смалува

Е-пошта Печати PDF
( 1 - user rating )

јупитерДамката е голема бура која трае веќе милиони, ако не и милијарди години, и која опфаќа големина колку три Земји, а во периодот од 1996 па до 2006 година, изгубила околу 15 посто од својата големина.  Во текот на тој период се смалува во просек околу километар по ден. Астрономите со години ја посматрале оваа дамка и увиделе дека се смалува, а новото истражување се фокусирало на движењето на олујата, инаку добар начин за да се измери нејзината големина.

Така е развиен софтвер со помош на кој може да се разгледува движењето и промената на дамката во текот на поголем период. И поради фактот дека научниците незаат поради што дамката се намалува, со споредување на фотографиите од Јупитер пред околу сто години и денешните, може да се забележи разликата. Некои мислат дека дамката може и потполно да исчезне: „Се работи за бура, која како и другите, има природен раст и слабеење“ - изјави Глен Ортон, научник од НАСА.

Дамката која претходно имаше облик на колбас, а сега има елиптичен облик, се претпоставува дека до 2040 година би можела да добие кружен облик. Бурата е фасцинантна појава на оваа планета. Ги поседува карактеристиките на ураган од Земјата, вклучувајќи и кружно движење и силни ветрови, а се движи со брзина од 650 km/h. За разлика од сличните појави на Земјата кои по состав се со низок притисок, дамката е со состав од висок притисок што е една причина зошто толку долго опстанува.


 



 

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 AM CEST на 10 Септември, 2010
Петок вечер/ноќ Сабота Сабота вечер/ноќ
Можност за грмотевици Можност за дожд Можност за дожд
Можност за грмотевици Можност за дожд Можност за дожд



PoP: 30% PoP: 20% PoP: 30%

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160