
Иднина без батерии, полначи и на жици расфрлани насекаде ... а се благодарение на „бежичната енергија“, која ќе се пренесува преку воздухот до било кој апарат кој досега енергијата ја добивал преку кабел. Светилките, аудио апаратите и дигителните рамки за слики ќе бидат првите апарати кои ќе бидат прставени на овонеделниот саем за електроника кој ќе се одржи во Лас Вегас, инаку најголемиот светски саем од областа на електрониката. Научниците предвидуваат дека ова ќе биде почетокот во употребата на бежичната енергија. Во светот на жици, корисниците ќе можат својот компјутер да го користат подалеку од изворот на енергија.

Соларната централа Амарелеа која се наоѓа во јужна Португалија, е најголема ваква централа на светот, работи под полна пареа, а количеството на струја која го произведува е доволно да снабди...

















