Honda разви нова технологија која овозможува контролирање на роботи со помош на мислите. Досега сите роботски системи работеа со помош на физичка интеракција или контрола, но новиот мозочен интерфејс - BMI (Brain Machine Interface) го означува првиот роботски систем контролиран со помош на милите.
Honda работи заедно со напредниот Телекомуникациски Истражувачки Институт и Шимадзу - трио на компании кои работат на усовршување на системот со цел да може да се користи и кај другите роботски системи. Системот на Honda користи електроенцефалографија (EFG), технологија дизајнирана за мерење на електричниот потенцијал на човечкиот череп, заедно со непосредна инфрацрвена спектроскопија (NIRS), што претставува можност за мерење на промените на церебралниот крвен ток во човечкиот мозок.
Еднаш штом ќе се добијат информациите, ASIMO, човеколикиот робот, ги извршува задачите кои му се зададени. Honda покажа видео клип од волонтер кој носи специјален шлем, и при секоја негова помисла за движење на левата или десната рака, ASIMO го извршува тоа.
Системот покажа успешност од 90,6%, што претставува нов рекорд меѓу BMI технологиите.
Точноста и прецизноста на извршувањето на задачите на ASIMO зависи од личноста која го контролира и неговата способност за концентарција.
Honda е најмногу позната по производство на автомобили, но компанијата инвестираше огромни средства во истражување и развој на роботската технологија. Компанијата има неколку познати роботски системи кои ги има презентирано пред јавноста, но досега ништо од тоа нема пуштено во комерцијална продажба на пазарот.



















