Според официјалниот блог на шефот на Facebook, Mark Zuckerberg, најпознатата социјална мрежа достигна преку 200 милиони активни корисници.
За да се одбележи овој настан, Facebook отвори нова веб страна "Facebook for Good ", на која членовите можат да ги поставуваат своите на приказни за тоа како им има помогнато Facebook во животот. Исто така во соработка со хуманитарни организации креирани се виртуелни поклони кои членовите можат да ги купуваат и да ги подаруваат меѓу себе. Поголемиот дел од приходот ќе биде уплатен на сметка на хуманитарните организации, додека само мал дел ќе биде одвоен за административни трошоци.



















