Научници го создадоа најточниот часовник на светот, кој нема да задоцни ни секунда во следните 300 години.
Научниците соопштуваат дека тој нов автоматски часовник е двапати поточен од системите што се користат во моментот.
Автоматскиот часовник, изработен од стронциум, се заснова на контрола на природна вибрација на атомите, за да биде постојано во чекор со точното време.
Новитетот кај овој часовник, разработен од професори на универзитетот во Колорадо, е што тој го прави „ефектот на нишалото" на атомите уште поритмичен, бидејќи ги лови со ласерски снопови, кои ги ладат атомите до температура при која секоја материја престанува да емитира звук.
„Еден атом се состои од јадро и електрони, кои кружат околу јадрото по точно определени орбити", појаснува професорот Јан Томсен, физичар од универзитетот во Копенхаген, кој работел со колегите од Колорадо.
„Користејќи ласер, можеме да го контролираме движењето на електроните во точно определена насока меѓу орбитите и тоа претставува отчукувањето на атомскиот часовник", тврдат научниците.



















