Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 30 Jul 2010
Home Технологија Останато Перпетуум мобиле(н)

Перпетуум мобиле(н)

Е-пошта Печати PDF
( 1 - user rating )

Механичките часовници кои се навиваат "сами", односно го користат движењето на раката и телото за да го нахранат со механичка енергија својот механизам се со нас повеќе од еден век. 

Иако на пазарот сеуште не постојат мобилни телефони кои ја користат механичката енергија за создавање на електрична, ова би можело да се промени многу наскоро. За што станува збор?

Финскиот производител на мобилни телефони Nokia достави барање за патентирање на телефон кој кинетичката енергија со помош на пиезо-ефект би ја конвертирал во електрична.

На овој начин за напојување на телефонот би се користело движењето на корисникот, неговите гестикулации со телефонот, пишувањето по тастатурата и сите останати движења во внатрешноста на уредот.

Кинетичката енергија создадена од движењата на телефонот би го деформирала кристалот, кој со помош на пиезо-електричниот ефект би ја генерирал електричната енергија потреба за функционирање на мобилниот уред.

Лоша вест претставува информацијата што преку користењето на оваа технологија (засега) може да се произведат само мали количини на електрична енергија, но без разлика, батеријата сигурно ќе трае подолго од вообичаено.

Овој интересен патент на Nokia претставува чекор напред во развојот на мобилните апарати, кои можеби во не толку далечна иднина, ќе функционираат исклучиво преку користењето на кинетичка енергија.

Деталите за овој интересен патент може да се најдат на Американскиот завод за патенти.

 

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 PM CEST на 29 Јули, 2010
Четврток вечер/ноќ Петок Петок вечер/ноќ
Ведро Ведро Ведро
Ведро Ведро Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160