Најновата верзија на Skype на корисниците конечно им ја овозможи опцијата која ја посакуваа веќе со години - можност за групни видео разговори.
Според официјалниот блог на Skype, оваа верзија на корисниците ќе им овозможи групни видео разговори кои се ограничени до 5 корисници во група. Редизајниран е и прозорецот во кој се одвиваат разговорите,а подобрена е и стабилноста на софтверот.
Корисниците можат да ја превземат Skype 5.0 Beta 1 за Windows тука, а за сите новитети и промени можат да прочитаат на официјалниот блог на Skype.


















