
Петтата генерација на Volkswagen Polo доби лимузинска верзија. Автомобилот е претставен во Русија, каде ќе чини 10.000 евра, а се произведува во фабриката во Калуга (околу 160 километри од Москва).
Европскиот автомобил на годината доби и лимузинска изведба. Новото Polo е дизајнирано специјално за рускиот пазар, но тоа не значи дека подоцна нема да се најде на другите пазари.
Со овој потег, Volkswagen се надева дека ќе отиде чекор подалеку кон постигнувањето на планот годината да ја заврши со продажба од 800.000 возила.
Инаку, новото Polo ќе се нуди со 1.6 литарски бензински мотор со моќност од 105 КС и петостепен мануелен или шестостепен секвенционален автоматски менувач.
Уметност

















