Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 12 Mar 2010
Home Уметност Нов мерцедес Е - класа

Нов мерцедес Е - класа

Е-пошта Печати PDF

мерцедесНовата Е - класа е првиот автомобил со дизајнерски потпис на новиот главен дизајнер Гордон Вагнер. На прв поглед се гледа еден нов пристап но Вагнер пред се морал да калкулира со фактот кој Мерцедес традиционално го негува, а тоа е дека дизајнот не смее премногу да се разликува од неговите претходници, односно, тоа треба да го знаете во врска со овој автомобил. Токму тоа е одлика на квалитетно дизајнирани автомобили.

Треба да сметаме и дека Мерцедес сака да ја зголеми продажбата во САД, па дизајнот треба да се гледа од таа насока. Што се однесува на самите димензии има коцкест поглед, малку е проширен во сите правци, освен висината, и остана во автомобилите со голем простор. Багажен простор има околу 540 литра. Што се однесува на внатрешноста ова е уште еден автомобил во кој ќе посакате да се возите. Смирениот дизајн, изворедната пространост и квалитетни материјали се карактеристика на овој автомобил. Секако и прецизната германска изработка, по многумина најдобра кај автомобилите од поголема класа.

Што се однесува на моторот сите модели се со директно вбризгување и го задоволуваат EURO 5 стандардот. Троши и до 23 % помалку во однос на своите претходници,а тоа го потврдува и Мерцедесовата Blue Efficency и Blue - Tec Tehnology. Најслабиот мотор во понудата е четирицилиндричен дизелаш со 170 коњски сили. Неговата ознака е 220 CDI, а потоа следува и послабата верзија на 200 CDI со 136 коњски сили. 250 CDI развива 205 коњски сили, а моментално најјакиот 350 CDI располага со 231 коњски сили. Бензинците се следниве: 250 CGI со 204 коњски сили, потоа V6 во Е 350 со 272 коњски сили, и најјакиот V8 во Е 500 со 388 коњски сили. мерцедес

Од почетокот во понуда е погон на сите четиритркала, 4MATIC.

Да додадеме уште дека новата Е - класа опционално е опремена со сигурносниот систем од Ѕ - класата. Тоа се сензори кои го препознаваат заморот на возачот, потоа автомобил во мртов агол или опасност од влетување на возило од предната страна. Еден од системите ги препознава знаците и реагира со прилагодување на брзина во рамките на дозволената. Сигурност е еден од аспектите со кои новата Е - класа сака да го превземе.

За крај, Мерцедесот уште една создаде одлична лимузина и повторно по кој пат потврди дека е мајстор за својата класа. Успех? Во тоа воопшто не треба да се сомнева.

Последно освежено ( Вторник, 14 Април 2009 12:22 )  

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

 

Фотогорафии на Ѓорѓи Костовски

Ви ги прикажуваме дел од фотографиите на фотогра...
sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu

WeatherUnderground :
Обновено: 01:00 AM CET на 12 Март, 2010
Петок Петок Вечер Сабота
Можност за Врнежи од Дожд Можност за Снежни Падежи Умерено Облачно
Можност за Врнежи од Дожд Можност за Снежни Падежи Умерено Облачно



PoP: 30% PoP: 30%  

 

Forecast from WeatherUnderground for .


JoomlaWatch Stats 1.2.8_04-dev by Matej Koval

Countries

74.3%THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA
8%BULGARIA BULGARIA
4.3%UNITED STATES UNITED STATES
3.8%GERMANY GERMANY
2.3%SERBIA AND MONTENEGRO SERBIA AND MONTENEGRO