
Најмалиот теренец на Audi, Q3 ќе се произведува во погоните на Seat.
Ваквиот договор настана по задоволителниот квалитет кој го има постигнато фабриката во Шпанија. Со производството на новото Audi Q3, SEAT планира да обезбеди најмалку 1.200 нови вработувања, со што ќе се подобрат ефектите во автомобилската индустрија во Шпанија. Ваквата одлука само ја потврдува довербата која ја поседува SEAT како бренд од страна на VW групацијата.
Од друга страна интересно ќе биде да се види каков навистина ќе биде квалитетот на новото Q3. Можеби производствената лента во Seat е одлична, но како Audi ќе ги имплементира и дали ќе ги имплементира познатите контроли на квалитетот? Да се надеваме дека новиот Q3 нема да биде Seat со четири прстени на предната маска!