"Џенерал Моторс" го направил клучниот чекор во својата реорганизација со склопување на спогодба за продажба на марката "Хамер"
на кинески производител. Истовремено од ЏМ соопштиле дека има потенцијални купувачи за марките "Сатурн" и "Сааб".
Кинеската корпорација Тенгжонг соопштила дека е постигната спогодба со банкротираниот американски производител на автомобили за купување на марката Хамер, но цената не е објавена. Џи-Ем објави пак, деа склучил прелиминарна продажба на својот бренд за спортско - рекреативни возила, но не кажува кој е купецот.
Тенгжног од Сечуан, се бави со изградба на патишта, пластика, и тешки машини, а со купувањето на брендот "Хамер" е прво влегување на коорпорацијата во автомобилскиот бизнис. Според "Џенерал Моторс", пордажбата ќе спаси најмалку 3.000 работни места во САД и тоа во одделите за продукција, развој и продажба. Договорот предвидува "Хамер да го здржи постоечкиот реководен тим и своето седиште во САД.
Истовремено од американската комапнија соопштиле дека има 16 купци заинтересирани за марките "Сатурн" и тројца купци за шевдскиот бренд "Сааб". Некогаш најголемиот производител на автомобили во светот, Џи-Ем влезе во банкрот, за под заштита на судот да се реорганизира во помала, но поефикасна компанија.


















