Според Општинска изборна комисија Крива Паланка се поднесени седум листи за кандидати за членови за совет за Општина Крива Паланка и пет листи на кандидати за градоначалник истите се потврдени во законскиот потврден рок.
Во продолжение следат Листата на кандидати за Градоначалник и Листата со кандидати за членови на совет на Општина Крива Паланка:
Листа на Кандидати за Градоначалник:
Арсенчо Алексовски - Кандидат за Градоначалник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
Јордан Михајловски - Кандидат за Градоначалник од НСДП
Свето Ангеловски - Кандидат за Градоначалник од ЛДП
Драги Трајчевски - Кандидат за Градоначалник од СДСМ
Ивица Младенов - Кандидат за Градоначалник од Група на Избирачи ИМ
Листи за членови на Совет на Општина Крива Паланка:
Листа за членови на совет од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ - носител на листа Миле Милковски
Листа за членови на совет од НСДП - носител на листа Ратко Павловски
Листа за членови на совет од ЛДП - носител на листа Сретимир Николовски
Листа за членови на совет од СДСМ - носител на листа Дане Милошевски
Листа за членови на совет од од ВМРО-НП - носител на листа Драган Пешовски
Листа за членови на совет од СОЈУЗ НА ТИТОВИ ЛЕВИ СИЛИ - носител на листа Јованче Маџовски
Листа за членови на совет од Коалиција на ВМРО-ДП и ТМОРО-ВЕП - носител на листа Драган Ангеловски
На нашата интернет страна во моментот се активни анкети во кои ќе можете да го дадете Вашиот глас за некој од кандидатите за Градоначалник и за листите за членови на совет на Општина Крива Паланка како и анкета за Кого би гласале за иден Претседател на Република Македонија.
Гласањето во анкетите е анонимно а од резултатите ќе добиеме појасна слика за расположението во Општината за предложените кандидати.



















