
Во Петок на 13.11.2009 во Крива Паланка успешно беше реализирана акцијата за пошумување на одредени локации од кривопаланечко. Акцијата е организирана од невладината организација “Ден на дрвото“ подржана од Владата на Р.М. под мотото “Засади ја својата иднина.
Учество во пошумувањето земаа сите јавни установи од Крива Паланка како и основните училишта и гимназијата “Ѓорче Петров“.
Присутни беа и градоначалникот Арсенчо Алексовски, пратеникот во Сообранието на Р.М. господинот Оливер Алексовски како и министерот за образование Никола Тодоров, естрадниот уметник Сузана Гавазова и други членови од организаторите.
Фотографија и информации од С.Величковски



















