
Денес на 24. 11. 2009 година во посета на Крива Паланка дојде Претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓи Иванов. Тој беше во посета на градоначалникот Арсенчо Алексовски на Крива Паланка, а потоа заедно се упатија во посета на новоотворениот Факултет за Информатика. Потоа во протоколот беше и организирана средба со граѓаните, како и посета на фабрика за чевли лоцирана во поранешниот текстилен комбинат Карпош. Во придружба на претседателот беа градоначалникот Арсенчо Алексовски, претеникот во Сообранието на Р.М. господинот Оливер Алексовски, директорот на СОУ Ѓорче Петров, господинот Миле Милковски и други челници од градот.
Фотографија и информација photo@planinarenje.org


















