
3.12.2009 во изложбениот простор на Н.У Центар за култура беше отворена изложба на 17 графики од 6 кумановски автори: Зоран Јакимовски, Тања Соларска-Темелковски,Стефан Јакимовски,Магда Величковска, Далибор Јовановски и Симона Јакимовска.Изложбата е превземена од Н.У Центар за култура Трајко Прокопиев – Куманово , чија идеја е да се промовира најновото графичко творештво и афирмирање на проектот Кумановски графичари. И покрај силните напори на поединци, да се афирмира и популаризира уметноста како битен културен сегмент , на отворањето на изложбата присуствуваа многу мал број наши сограѓани , и да не беа присутни вработените во Н.У. и гостите од Куманово, бројката на посетители ќе беше 5. Од ова можеме јасно да видиме колку во нашиот град се почитува уметноста и културата.
Информација и фотографија: Ѓорѓи Костовски



















