Во болницата во Крива Паланка тешко болни пациенти секојдневно се смрзнуваат поради тоа што централното греење многу краток период е вклучено.
Во некои од просториите има инсталирано клима-уреди но персоналот ги чува далечинските управувачи и не ги вклучува клима-уредите. Освен ова забележлив е недостаток на медицински персонал, на постелнини и ќебиња за пациентите како и неконтролирано влегување и излегување на поголем број на посетители надвор од пропишаните часови за посета на пациентите. Во некои од просториите самите пациенти или нивни роднини имаат донесено греалки поради неподносливиот студ.
Апелираме до надлежните да интервенираат и да воспостават нормално функционирање на болницата.
Недозволиво и нехумано е тие пациенти да се оставаат на немилост токму во периодот кога им е потребна најголема нега.


















