Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 30 Jul 2010
Home Вести Градот Поклонение на Свети Теодор- Тирон 2010

Поклонение на Свети Теодор- Тирон 2010

Е-пошта Печати PDF
( 4 - user rating )

konopnica-sobor-teodor-tiron-350 Во потрага по  културен идентитет, традиција и запоставените народни обичаи, по иницијатива на планинарскиот водач Стојанче Величковски а во организација на Центарот за култура  Крива Паланка, во село Конопница по цели 33 години се обновува обичајот Поклонение на Свети Теодор Тирон. Пред пеесетина години на овој ден, имало и по стотина невести и свекрви од Конопница, Мождивњак, Тлминци, Борово, Мартиница и други кривопаланечки села кои доаѓале во цркавата св. Тедор Тирон на поклонение затоа што во народните верувања Св. Теодор Тирон се смета за заштитник на младенците.

Обновениот обичај е предвидено да биде дел од народниот собор, на 21 февруари, како што и традиционално се одвивал во минатото. Овој прекрасен обичај со длабоки корени во народот има голема симболика и значење и во иднина може да прерасне во туристичка атракција од регионален карактер како своевидна ревија на народни носии.

Сите заинтересирани невести кои сакаат да учествуваат на ова манифестација може да се пријават во Центарот за култура заради помош и координирање на активностите со организаторите.

Организаторите ги охрабруваат сите заинтересирани да се пријават, како би можеле да им помогнат во комплетирањето на народните носии и организирање на манифестацијата.

Секој почеток е тежок, особено кога имаме прекин на традицијата поголем од три децении а тоа значи дека поголем дел од мајките на оние кои се невести во моментот  пропуштиле да бидат дел од традицијата па поради тоа внуките ќе побараат помош од своите баби.

Секоја чест на иницијаторите и организаторите, ја имаат нашата поддршка а се надеваме дека и Вие ќе бидете дел од оваа убава традиција било како учесници или како гледачи.

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 08:00 PM CEST на 29 Јули, 2010
Четврток вечер/ноќ Петок Петок вечер/ноќ
Ведро Ведро Ведро
Ведро Ведро Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160