Информации од Крива Паланка и околината

Вторник, 7 Sep 2010
Home Вести Градот Ден на дрвото - 2010г.

Ден на дрвото - 2010г.

Е-пошта Печати PDF
( 1 - user rating )

treeday

Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија на 30 март 2010 да земат

учество во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и со

засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на

животната средина.

За таа цел ќе биде организиран бесплатен превоз на

граѓаните до локациите каде што ќе се пошумува.

Граѓаните може да се

приклучат на било кој автобус или организирана група и да заминат на било која

локација каде што ќе се пошумува.

ПРЕГЛЕД НА МЕСТА ЗА ОРГАНИЗИРАНО

ПОАЃАЊЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА

2 автобуса пред Општина

Ќе се пошумува: м.в. Под село

1 автобус пред Општината

Ќе се пошумува: Расовец

9 часот и ротирање на 2 часа

 

 

СОНОТ ЗА ПОШУМЕНА ИДНИНА

Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се роди во август 2007 година, кога идејниот татко на акцијата, амбасадорот на мирот на UNESCO, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, трогнат од огромните катастрофални пожари, кои 2006 и 2007 ја соголија и опустошија Република Македонија, добива благородна идеја и поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.

 

Незаборавната изјава на уметникот дека „Не сме само ние жители на планетета, и шумите се жители како и ние„ и дека „Треба да се прогласи ден на жалост кога масовно умираат шумите„ ја зароди и осемени големата идеја кон реализација. Иницијатива на г-дин Трајанов, ја прифатија група ентузијасти, започнувајќи го проектот Ден на дрвото – засади ја својата иднина.

 

Ексклузивата на оваа идеја е оригиналниот зафат – секој граѓанин на земјата да засади по едно дрвце – и тоа во само еден ден! Блескавата метафора за себепрераѓање преку раѓање на нов живот на шумите - сонот за пошумена Македонија, во само еден ден стана убава зелена стварност во која - беа засадени два милиона и педесетишест илјади садници, колку што Република Македонија има жители! На 12 март 2008 година се спроведе првата акција на која жителите на земјата масовно излегоа да засадат дрвца. Реки народ се придвижуваа кон подготвените терени, кои беа уредно распоредени од стручните лица на „Македонски шуми„. Познатите јавни и естрадни личности излегоа да помогнат во повикувањето на народот. Акцијата беше повеќе од успешна и веќе околу пладне, за чудо, недостигаа садници за секој жител. На 13 март Македонија се разбуди озеленета, облагородена, а секој граѓанин се вдахна себеси, вградувајќи се, засадувајќи ја својата иднина некаде во младите идни шуми.

 

Македонија се прочу во светот по добро...

 

 

http://treeday.com.mk

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 02:00 PM CEST на 07 Септември, 2010
Вторник вечер/ноќ Среда Среда вечер/ноќ
Делумно облачно Делумно облачно Ведро
Делумно облачно Делумно облачно Ведро



     

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160