Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 12 Mar 2010
Home Вести Македонија Одбележување 106 години од смртта на Гоце Делчев

Одбележување 106 години од смртта на Гоце Делчев

Е-пошта Печати PDF
( 0 - user rating )
gocedelcev

Со панихида на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје денеска ќе бидат одбележани 106 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба.

Организаторот на програмата, Меѓународната манифестација „Гоцеви денови", соопшти дека цвеќе на гробот на Делчев ќе положат претставници на државниот врв, локалната власт, научно-образовните и културните установи и граѓански здруженија.

Цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положи и велосипедистот Марјан Гeorиев, кој денеска од Скопје ќе го почне хуманитарниот маратон „По патиштата на Мајка Тереза" кој ќе заврши на 20 мај во Ватикан.

Во Собранието на Република Македонија ќе биде врачена наградата „Гоце Делчев" - државно признание за значајни остварувања во областа на науката. Наградата годинава им се доделува на д-р Нинослав Ивановски и д-р Ристо Гроздановски за трудот „Хронична бубрежна болест - превенција, клиника и терапија", на д-р Трајче Стафилов, д-р Роберт Шајн, д-р Златко Панчевски, д-р Блажо Боев, д-р Марина Фронтасјева и д-р Људмила Стрелкова за трудот „Геохемиски атлас на Велес и неговата околина" и на д-р Томе Неновски за трудот „Структура на јавните финансии во Република Македонија".

Визионерот Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од турската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.

Целта на неговото последно патување била намерата да го спречи или одложи предвременото востание, кое во тие денови (2 до 7 мај) се договарало на Смилевскиот конгрес во домот на Даме Груев. Делчев сметал дека се уште не се созреани политичките услови за кревање востание што, сепак, ќе се случи на Илинден, три месеца подоцна.

Неговиот 31-годишен живот почнува на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Во зачуваните писма, Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население:

„Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие доброволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите".

idividi.com.mk

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu

WeatherUnderground :
Обновено: 01:00 AM CET на 12 Март, 2010
Петок Петок Вечер Сабота
Можност за Врнежи од Дожд Можност за Снежни Падежи Умерено Облачно
Можност за Врнежи од Дожд Можност за Снежни Падежи Умерено Облачно



PoP: 30% PoP: 30%  

 

Forecast from WeatherUnderground for .


JoomlaWatch Stats 1.2.8_04-dev by Matej Koval

Countries

74.3%THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA
8%BULGARIA BULGARIA
4.3%UNITED STATES UNITED STATES
3.8%GERMANY GERMANY
2.3%SERBIA AND MONTENEGRO SERBIA AND MONTENEGRO