
Полицијата на Струга работи на расчитување на случајот и на пронаоѓање на сторителите.
Според лиферуваната информација од МВР, двајцата маскирани и вооружени со пиштол и нож утрово во 4.10 часот, влегле во пумпата и им упатиле закани на вработените Н.С. (41) и на 48 - годишниот Љ.О.Напаѓачите од чанта и каса ги земале 710.000 денари, пари од дневен пазар и наплатните ливчиња. Разбојниците кои до пумпата дошле пешки, откако завршиле работа заедно со пленот заминале во непознат правец.



















