
Амблемот е дело на авторите Стојанче Величковски, Петар Гајдов и Јован Јоновски, членови на Македонското хералдичко здружение.Авторите добиле стручна поддршка од Александар Куров од Германија, Виктор Ломанцов од Русија, Жељко Хејмер од Хрватска и Стојан Антонов од Бугарија, меѓународни експерти за хералдика и вексикологија (наука за знамињата).
Авторот Стојанче Величковски е по потекло од Крива Паланка (с. Конопница) и досега има изработено неколку грбови на општини, здруженија и приватни според строгите хералдички правила. Тој воедно е автор и на грбот и знамето на општината Крива Паланка кои неодамна претрпеа соодветни измени во бојата.



















