
Грипот му предизвикал тешка форма на бронхопневмонија. Од клиниката велат дека момчето скоро 10 дена дишело со помош апарат, но и покрај сите напори на лекарите не успеало да ја победи болеста.
Последното деноноќие на Инфективна се хоспитализирани 13 нови пациенти со симптоми на грип. Сите се со потешка клиничка слика. 4-ца се борат за живот.
Се преполнуваат болничките капацитети за хоспитализирање на сомнителни на пандемскиот грип. Изминатата недела на Инфективната клиника биле примени 113 пациенти.Во Инфективното одделение во Воената болница болничи се лекуваат 24 пациенти, а 74 деца се хоспитализирани на Детската клиника.Од пандемската комисија најавија отворање на дополнително одделение во Воена болница со капацитет за 50 пациенти. Во него ќе работи медицински кадар од скопските клиники.


















