Информации од Крива Паланка и околината

Петок, 3 Sep 2010
Home Вести Македонија Двајца починати од грипот А Х1Н1 во изминатото деноноќие

Двајца починати од грипот А Х1Н1 во изминатото деноноќие

Е-пошта Печати PDF
( 0 - user rating )

Двајца пациенти починаа во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје како резултат на масивна бронхопневмонија и со потврден грип А(Х1Н1), соопшти Министерството за здравство.

shutterstock_h1n1.jpg (500×375)

Првиот пациент, роден 1974 година, бил примен на Клиниката на петти месецов, во тешка општа состојба и веднаш бил ставен на респоратор. Но по два дена дошло до влошување на неговата здравствена состојба и синоќа на полноќ е констатирана смрт.

Вториот починат пациент, роден 1982 година, завчеравечер бил примен во изразито тешка општа состојба, веднаш бил ставен на кислородна поддршка, но вчера нагло му се влошила состојбата и во доцните попладневните часови била констатирана смрт.

Со последните два случаја, бројот на жртви од новиот тип на грип достигна девет.

Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани уште 13 нови пациенти, а на инфективното одделение во Воената болница е згрижен само еден нов пациент, со симптоми на новиот грип.

Министерството информира дека сите новопримени се во стабилна состојба, освен еден пациент, кој веднаш е ставен на континуирана поддршка со кислород.

На Клиниката во моментов се хоспитализирани вкупно 112 болни, додека во Воената болница се лекуваат 42 пациента со симптоми на грипот А(Х1Н1).

На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 15 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 56 пациенти со симптоми на грип, на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца, кои имаат потешка форма на пневмонија.

 

Бараме соработници!

Доколку сте заинтересирани за работа на веб страницата, контактирајте не на следнава e-mail адреса: rabota@krivapalanka.info Во моментот работата е исклучиво на волонтерска основа!

Вашиот бизнис на интернет!

Вашиот бизнис БЕСПЛАТНО на интернет! Внесете ги Вашите податоци во Бизнис Адресарот! Сакате и Ваша Веб страница? Контактирајте не на следниов e-mail. Ќе добиете беспрекорна услуга и цена прилагодена само за Вас!

sail120x100_phonesys

ЕЛКО ИТ СОЛУТИОНС е официјален партнер на ESET за Македонија

Наши пријатели

www.kumanovonews.com
Официјална страна на општина Крива Паланка
www.kustendil.info
Zajecar.eu
WeatherUnderground :
Ажурирани: 02:00 PM CEST на 03 Септември, 2010
Петок вечер/ноќ Сабота Сабота вечер/ноќ
Можност за дожд Можност за дожд Можност за дожд
Можност за дожд Можност за дожд Можност за дожд



PoP: 30% PoP: 40% PoP: 30%

 

Forecast from WeatherUnderground for .

4m-new-160
offroadosogovo-logo-lat-160x160