Снег и силен ветер од северен правец се очекува да ја зафатат земјава во четврток во попладневните часови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР).
Снежни врнежи со поголем интензитет ќе преовладуваат во северните и северозападните делови каде се очекува да се формира и снежна покривка, а во јужните делови ќе паѓа дожд.
Студеното и снежно време ќе се задржи и во текот на викендот, а ќе има и пад на температурите при што во наредните денови се очекуваат и дневни температури под нулата.
Регионот деновиве е зафатен од студен и снежен бран кој создава многу проблеми.
Најпогодена земја од снежните врнежи засега е Романија. Денеска главниот град Букурешт остана парализиран после интензивните снежни врнежи кои предизвикаа застој во сообраќајот.



















